Сега знаеме од кого ја наследила убавината: Ова е мајката на каратистката Пулексенија Јовановска

Добивај вести на Viber

Македонската каратистика Пулексенија Јовановска која ја претставуваше Македонија на Летните олимписки игри во 2020 во Токио, Јапонија гордо ја покажа својата мајка.

Младата каратистка со специфична природна пуцвал фризура, убава насмевка и згодно тело, покажа од кого ја наследила цела таа убавина.

Пулексенија објави фотографија со нејзината мајка на која и го честиташе роденденот и напиша „Среќен роденден кралице, мојата копја“.

Пулексенија покрај што македонската јавност ја запозна по спортските успеси, таа гордно зборуваше за проблемот со депигментација на кожата, позната и како витилиго.

„Привилегија е да се биде различен. Ми беше тешко да прифатам, но сега го сакам своето тело“, објави во една прилика каратистката.

Фото: Инстаграм
РЖМ