Таа е целиот негов живот: Дац ѝ честиташе роденден на сопругата

Добивај вести на Viber

Велат дека најважната работа во животот е да ја избереш вистинската животна сопатничка-напиша на социјалните мрежи актерот и пејачот Драган Спасов Дац алудирајќи на сопругата Весна која денес слави роденден.

Среќен роденден моја Весна! -напиша актерот во продолжение на фотографијата на која тој и неговата сакана позираат со балони.


Дац и Весна се заедно повеќе од 15 години заедно, а љубовта пред матичар ја крунисаа со ДА , пред 3 години, кога Весна му приреди изненадување на Дац на еден негов настап.

- Имавме настап со Александар Митевски. Бевме задолжени за забава, за гостите кои го славеа роденденот. Бидејќи денеска ми е роденден, на полноќ нашиот диџеј ја пушти „Happy birthday“и сите пријатели кои беа присутни во локалот ми ја запеаа песната. Им се заблагодарив и им реков дека многу пријатно ме изненадија. Александар ми рече: „Те изненадивме, но сега ќе те потресеме“. Во тој миг видов како ми се приближува мојата Весна, која стави вел на главата, а потоа и матичарот. Пријателките имаа ленти на главата како старосватици. Веднаш ми ставија лептир машна. – откри тогаш Дац за Женски магазин.

„Многу сум среќен со неа. Таа ги заслужува сите суперлативи. Весна е харизматична, духовита, паметна, грацзиозна. Има љубов во тони и несебично ја споделува. Директор е на продажба во „Дајнерс“. – вели актерот за неговата сакана сопруга.