Актерот Драган Спасов – Дац се ожени со долгогодишната партнерка: Весна ми приреди венчавка како подарок за мојот роденден

Добивај вести на Viber

Актерот Драган Спасов Дац - Дац синоќа се венчаше со долгогодишната партнерка Весна Терзиевска, на својот роденден, на крајот на неговиот настап во „Трибека“.

- Имавме настап со Александар Митевски. Бевме задолжени за забава, за гостите кои го славеа роденденот. Бидејќи денеска ми е роденден, на полноќ нашиот диџеј ја пушти „Happy birthday“и сите пријатели кои беа присутни во локалот ми ја запеаа песната. Им се заблагодарив и им реков дека многу пријатно ме изненадија. Александар ми рече: „Те изненадивме, но сега ќе те потресеме“. Во тој миг видов како ми се приближува мојата Весна, која стави вел на главата, а потоа и матичарот. Пријателките имаа ленти на главата како старосватици. Веднаш ми ставија лептир машна. – открива Дац, кој се уште е со впечатоци од прекрасното изнедување.

За беспрекорната и возбудлива венчавка се погрижиле неговата сопруга, Митевски и сестра му.

- Организарале сѐ. Купиле бурми и се договориле со матичарот. Многу вешто сето тоа го криеа од мене. Матичарот нѐ венча по сите правила. Кум ни е Александар Митевски, а старосватица Санда Гавриловска.

Со Весна живееме повеќе од 15 години. Размислувавме од поодамна да се венчаме. Таа секогаш знае да ме изненади. За мојот 50-ти роденден ми приреди незаборавна прослава. Многу сум среќен со неа. Таа ги заслужува сите суперлативи. Весна е харизматична, духовита, паметна, грацзиозна. Има љубов во тони и несебично ја споделува. Директор е на продажба во „Дајнерс“. – вели актерот.

С.А.Н

Фото: Приватна архива