Таличниот Том доби конкуренција: Спасен Силјаноски како суперхерој од Дивиот Запад

Македонскиот фолк пејач Спасен Силјаноски периодов е на турнеја во Австралија, заедно со неговиот помлад колега Методија Столески.
Судејќи од видеата кои ги објавува Спасен на социјалните мрежи покрај нашинците кои живеат таму, и тој ужива во одличните забави кои ги приредува заедно со неговиот бенд.
Познат по неговата духовитост, пејачот објави фотографија со каубојски шешир и напиша:
„Кој ?Добриот, лошиот или грдиот ?“.
Истоимениот филм кој е еден од најнаградуваниот на сите времиња.
Кога неговиот лик би бил прецртан во некои од цртаните филмови, тоа сигурно би бил Таличниот Том од Дивиот Запад. Се сеќавате на каубоецот кој секогаш победуваше во битките со браќата Далтон.
Можеби не е лоша идејата да поработи на стрип верзија како супер херој со неговиот лик, сигурно ќе биде омилен.
Фото: ФејсбукРЖМ