На малата Зорица ѝ го дал својот хонорар за само една роза: Приказна за големиот Тома која ќе ве расплаче

Фото:youtube/printscreen
На Фејсбук страницата „Zanimljivo“ ја споделија приказната што ја раскажал хармоникашот Златко Крстиќ за Тома Здравковиќ.
„Некаде во осумдесетите свирев со мојот оркестар „Zlajini drugari" на една венчавка во Дорчол. Желба на младоженецот беше да му пее Тома Здравковиќ. “Кралот„ како и обично беше на висина на задачата. Имаше повеќе слушатели по рабовите на градината отколку на свадбата“, рече Златко, кој по венчавката заминал со Тома по калдрмата и некаде пред кафеаната „Три шешира“ ги фатил силен дожд, па застанале под стреата каде стоела девојка со голема корпа со рози. Тома ја прашал:
„Зорица како помина вечерва?“
- Беше лошо, многу лошо. Но, вечерва, и покрај лошиот пазар, беше прекрасно. Те слушав како пееш и задоволна сум.
Дури тогаш сфатив дека на малата Зорица ѝ дал цел хонорар од 700 марки! Тој не беше изненаден. Ме погледна и рече:
„Нејзе повеќе ѝ требаат пари отколку мене, а оваа роза, верувај, вреди повеќе од какви било пари.“
Кога Тома „замина на подобро место“, јас пеев некаде во Швајцарија. Жалев, но не можев да присуствувам на последното збогување со најголемиот боем кој прошетал на овие простори.
Мојот гитарист ми кажа подоцна. На погребот доминирал голем венец од природни рози на кој пишувало: „Томо, моето детство те жали“, ми кажа Златко.
Има и бројни други приказни кои докажуваат дека Здравковиќ бил исклучително дарежлив и дека сакал да им помага на луѓето, кои сè уште ги слушаат неговите песни со иста емоција како кога првпат ги слушнале.
Извор: zena.blic.rs