Ова е палатата која Лепа Брена им ја продаде на снаата Пријовиќ и Филип Живоиновиќ: Луксуз на сите страни

Таа едноставно го може сево ова!!!
Што уште да се каже за неа? Освои се‘ што можеше да освои од награди, успеа да биде препознатлива за претходните, сегашите и идните генерации на овие простори. Нејзините песни се хитови, евергрини, остануваат за секогаш... Цела Југославија ѝ се поклони, а таа беше со статус на икона. И денес е, но времињата се изменија...
За Лепа Брена што и да се каже ќе биде малку. Таа е најголема Балканска ѕвезда со години... и трае и трае... Имаше најуспешна кариера од сите пејачи. Во времето на поранешната држава важеше за национален симбол, ненандминлива... Долгонога убавица која направи милиони со својата работа, посветеност, концерти, полнење стадиони, појавување во светските медиуми... 40 милиони продадени плочи...
Сега работи со истиот жар, но многу повеќе е посветена на семејниот живот. Долги години е во брак со еден од најдобрите југословенски тенисери Бобан Живоиновиќ и имаат двајца синови.
Секако, најубава е палатата во која живее, а се наоѓа во Белград. Брена вели дека вложила многу труд околу уредувањето но и дека многу нешта во куќата се и многу скапи. Неодамна, ова здание беше проценето на 2, 5 милиони долари, а медиумите јавуваа дека ја продава.
Брена неколку години не можеше да го најде вистинскиот купувач и не се согласила на помала сума, иако агентите ја советувале да ја намали цената за што поскоро да ја продаде.
Сепак, како што пренесува српски Телеграф, Брена и Боба успеале да се договорат, ни помалку ни повеќе, туку со нивната снаа, пејачката Александра Пријовиќ.
- Александра и Филип решија да ја купат вилата од Брена бидејќи се емотивно врзани за неа. Таму порасна Филип, а таму ги поминаа своите најубави денови. Освен сентименталната вредност, оваа вила е доволно пространа за да живеат две деца. По раѓањето на второто дете, мајката на Пријовиќ, Борка, почесто ќе престојува кај нив за да им помогне, па решиле што поскоро да се преселат - открил извор за Телеграф.
Брена и Боба треба да се иселат од вилата до крајот на годината, а потоа Александра ќе се всели со семејството.
Телеграф дознава и дека Александра и Филип ќе ја продадат својата куќа во која сега живеат, која е исто така на Бежанијска коса.
Како што изјавиле, откако децата на Брена тргнале по својот пат и ја напуштиле вилата, куќата на пејачката станала преголема и веќе ништо не ја врзувало толку многу, поради што донела одлука да ја продаде. Брена пред неколку години призна дека размислува да ја продаде куќата во Бежанија.
- Зошто да не? Секоја стока има свој купувач. Сè во нашата работа е бизнис; се е на продажба – потврди тогаш балканската ѕвезда во емисијата „Гранд њуз“.
Сепак, трошоците како изнајмување на Арената, сценографија, светла, бенд... Овие трошоци не се мали, но се занемарливи во однос на заработката. Исто така, таа пеела пет пати во Осиек и според слободна проценка заработила 875.000 евра.
Еве како изгледа луксузот на ненадминливата музичка дива: