И почесните конзули на Македонија во Хамбург и Дизелфдорф ѝ се поклонија на дивата: Каролина диктира модно трендови и од Германија

Добивај вести на Viber

Во фустан со кусо ѕвонесто здолниште изработено од тантела, Каролина се појави на концертот во Хамбург кој е продолжение на вториот дел од турнејата во Германија.

Облечена во креација на Моника Димова, стајлинг на Јована Зука, во издание кое ги истакна долгите нозе на пејачката и со минималистички сандали со висока потпетица.


Концертот во Хамбург беше петти во низа, а последниот е закажан за вечерва во Берлин.

Почесните конзули на Македонија во Хамбург и Дизелдорф, г. Hans-Jürgen Bösch и г. Holger-Michael Arndt, се фотографираа со македонската поп-дива. За успешно завршен концерт на кој присуствуваа и тие и подарија букет цвеќе.

„Македонската култура е посебна надоградба за германската музичка сцена, посакуваме да има уште повеќе уметници како Каролина коишто ја имаат оваа храброст да одржуваат ваква голема турнеја низ Германија. Посебна благодарност упатувам до македонскиот тим во Германија кој ја овозможи оваа турнеја“, истакна почесниот конзул Arndt од Дизелдорф.

Фото: Фејсбук/ Гоце Пероски
РЖМ