Здравјето на кралот Чарлс се влошува?! Вилијам и Кејт подготвени да го преземат тронот во секој миг?

Добивај вести на Viber

Кралските палати, вклучително и Бакингемската палата и палатата Кенсингтон, не дадоа официјални изјави за здравјето на кралот Чарлс или за можното наследување на тронот, што дополнително ги поттикна медиумските шпекулации.

Здравјето на кралот Чарлс Трети предизвикува голема загриженост кај британското кралско семејство, а се почести се шпекулациите за можно наследување на тронот. Според извештаите, кралот Чарлс се уште се бори со рак на простата, кој му беше дијагностициран на почетокот на оваа година. Неговото здравје не е подобрено, а третманот вклучува хемотерапија, што носи одредени ограничувања на неговите кралски должности.

Биографката Сали Бедел Смит, која детално ги истражувала животите на британските принцови, рече дека принцот Вилијам и принцезата Кејт се подготвуваат да преземат сè поголеми одговорности во британската монархија. Кејт, која и самата се лекуваше од рак, постепено се враќа на своите обврски, додека принцот Вилијам веќе презема значаен дел од кралскиот распоред, кој вклучува официјални посети и церемонијални обврски.

Со оглед на моменталната ситуација, Вилијам и Кејт ги забрзуваат подготовките за нивните идни улоги, бидејќи се очекува да преземат големи одговорности во монархијата доколку се влоши здравјето на кралот. Ситуацијата дополнително се усложнува со закрепнувањето на кралицата Камила, која се уште се опоравува од пневмонија, поради што и таа го намали обемот на своите активности.

Кралските палати, вклучително и Бакингемската палата и палатата Кенсингтон, не дадоа официјални изјави за здравјето на кралот Чарлс или за можното наследување на тронот, што дополнително ги поттикна медиумските шпекулации.

Во февруари оваа година кралот Чарлс дознал дека боледува од рак на простата, поради што почнал со хемотерапија. Иако продолжил да ги извршува своите кралски должности, морал да делегира многу активности на својот син Вилијам. Во октомври, за време на официјалната посета на Австралија и Самоа, кралот, со согласност на лекарот, привремено го прекинал лекувањето, но неговата моментална здравствена состојба и прогнозата се уште се непознати за јавноста.

Здравјето на британскиот монарх останува тема на шпекулации, а многумина се прашуваат какво влијание ќе има врз иднината на британската монархија.