Некогаш беше дел од српската репрезентација, денес е само снаа во семејството Ражнатовиќ: Еве колку естетските корекции ја променија Богдана
Богдана Ражнатовиќ стекна слава кога започна врска со боксерот Вељко Ражнатовиќ.
Снаата на Цеца, Богдана Ражнатовиќ е вистинска убавица, но малкумина се сеќаваат како изгледала, и што променила на себе.
Поради нереалната убавина на Богдана, многумина шпекулираа дека таа многу променила во себе, но сопругата на Вељко Ражнатовиќ очигледно само ги зголемила усните, додека нејзиното витко тело е само поради секојдневниот тренинг.
Иако е во центарот на вниманието, за Богдана всушност малку се знае. Таа е целосно посветена на синовите Жељко, Крстан и најмалиот син Илијан. Сепак, госпоѓа Ражнатовиќ е несудена кошаркарка.
— Bogdana Rodic (@bogdanarodic6) February 19, 2015
Беше дел од јуниорската репрезентација на Србија која го освои бронзениот медал на Европското првенство во Вуковар во 2013 година. Две години подоцна, со екипата на Радивоје Кораќ ја освои титулата српски кошаркарски шампион, а потоа со Кораќ беше и вицешампионка во женската регионална лига и финалистка во Купот Милан Цига Васојевиќ. Ниту две многу сериозни повреди на коленото не ја спречија во понатамошниот успех, но пред три години донесе одлука да се пензионира.
Фото: Инстаграм/ X
Извор: Blic.rs