Актуелно // Жолта минута
„Шоуто мора да продолжи“: И покрај тоа што ја скрши ногата, Лепа Брена реши да пее за Нова година
- 14 Декември, 2024
Регионалната пејачка Лепа Брена (64) објави стори на Инстаграм во кое најави нов концерт и покрај неодамнешната повреда на зглобот и операцијата на Клиниката за трауматологија во Загреб.
Брена откри дека на 31 декември ќе настапи во белградскиот Сава центар.
„Се гледаме, ве сака ваша Брена те сака! напиша таа во објавата, додавајќи ги стиховите„The Show Must Go On“ на Квин.
За потсетување, пејачката во средата беше пуштена од загрепската клиника за трауматологија во Драшковиќева, каде што заврши на операција по концертот. Концертите што таа требаше да ги одржи на 10 и 16 декември се одложени. Новите датуми се закажани за 21 и 22 март.
Фото: Youtube - screenshoot