Посни тестенини со зеленчук идеални за лесен ручек или вечера: Вкусни се и топли и ладни (ВИДЕО)
Оваа едноставна и вкусна паста со зеленчук станува уште подобра кога ќе се олади и тестенините ги апсорбираат сите сокови
Рецепт за вегетаријанска паста со многу зеленчук: тиквички, брокула, печурки, пиперки, домати, моркови и друг корен зеленчук ја прават оваа вегетаријанска тестенина совршено јадење.
Ако остане после ручекот, тоа е уште подобро, бидејќи додека се лади, сите вкусови се впиваат, па ќе имате вкусна салата за вечера.
Исечкајте ја пиперката, кромидот и лукот, изрендајте го морковот, па динстајте 15 минути на многу маслиново масло. Никогаш не можете да имате премногу од него, особено ако е домашно.
Сега пресечете ги доматите на половина и распоредете ги врз зеленчукот, покријте ги со 2,5 дл вода и покријте да се крчка 10 минути.
Откако ќе помине времето, извадете ја лушпата од доматите и извадете ги во посебен сад, па изгмечете ги доматите и оставете ги на страна.
Потоа додадете ги печурките во садот и динстајте неколку минути, а потоа додадете ги претходно испасираните домати. Измешајте сè околу 5 минути за да се намали течноста од свежо исчистените домати.
Па додадете ги брокулите и тиквичките кои на почетокот ги исечкавте на ленти. Измешајте сè, посолете, ставете бибер и оставете ги на страна. Тестенините сварете ги во солена вода, а потоа издвојте 4 дл од водата во која се варени и додадете јаво садот со зеленчукот, оставете да се прокрчка уште 5 минути.
Сварените тестанини ставете ги во садот за готвење во кои се готвеше зеленчукот иоставете ги покриени на изгаснат оган 10 минути.
Откако ќе помине времето, убаво се меша и се сервира.
Бон апетит!
Фото и Видео: Youtube