Актуелно // Insta вести
Каков фраер: Комплетно нов изглед на Игор Џамбазов - „Сега сум само убав“
Македонскиот актер, водител и текстописец Игор Џамбазов донесе важна одлука во неговиот живот. Видно го промени неговиот физички изглед.
Очигледно актерот бил на некој режим на исхрана за да дојде ваква фит фигура. Стилот на облекување помодерен и шик.
Промената на неговиот изглед се должи на новиот театарски ангажман „Богот на колежот“, во режија на актерката Весна Бејби Петрушевска, чија премиера треба да се случи на 24-ти декември во МНТ.
Во објавата на Инстаграм, Игор и се заблагодари на модната дизјанерка/костимографка Наталија Терзија.
„Благодарам што ме врати во времето кога бев млад и убав. Денес само убав“, напиша Џамбазов.
Кој би рекол дека има 61 година?!Фото: Инстаграм
РЖМ