Продолжениот викенд го искористија да го украстат домот празнично: Ѕирнете како изгледа елката на Агнеса, Милена Антовска и Гавазова

Добивај вести на Viber

Неколку наши јавни личности го искористија продолжениот викенд да ја накитат новогодишната елка и својот дом празнично

Полека но сигурно Новата година и божиќните празници ни тропнуваат на врата. А тоа значи многу светилки, украси, песни, другарувања и веселба.

Дел од нашите познати дами, оние барем кои не го искористиле продолжениот викенд за шетање, го украсија домот за пречекот на Новата година и Божиќ.

Она кое го забележавме на социјалните мрежи од нивните објави е дека повеќето дома уживаат во голема новогодишна елка, Дедо Мраз, светички во најразлични бои, а за најмалите имаат и персонализирани лампиони на кои го пишува нивното име.

Погледнете како изгледа новогодишната елка на водителката на утринската програма на Канал 5, Милена Антовска Станковска:

Во домот на водителката стои убава голема елка на која има повеќе црвени и жолти лампиони, а на средина на празничното дрво стојат персонализираните лампиони на кои ги пишува имињата на нејзините две ќеркички Лана Марија и Јоана. 

Милена внимавала и останатите украси да бидат во склоп со боите на елката. 

Ѕирнете и како ја накитила елката нашата поп-фолк ѕвезда Сузана Гавазова. Пејачката редовно споделува дел од својот дом, како го поминува денот со децата или како се снаоѓа во кујната, а сега отки и кои бои преовладуваат во нивниот дом за новогодишно-божиќните празници.

Гавазова за нејзината елка одбрала убави лампиони во пастелни бои и светилки кои ја дополнуваат убавината и шареноликоста на празничното дрво, а интересен детаљ е големиот Дедо Мраз кој стои веднаш до елката.

Агнеса пак во склоп со боите кои преовладуваат во нејзиниот дом, елката ја украсила со сребрени и сини-тиркизни лампиони и детали.

Кај инфлуенсерката преовладуваат повеќе убавите божиќни цветови кои даваат навистина одлична декоративна нота, а можеби и најпосебен и уникатен детаљ на новогодишната елка кај Агнеса е ангелчето, односно врвот на празничното дрво.

Додека деталите околу елката се во други бои, претпоставуваме тоа се украсите кои се спомени од нејзините деца Вивиен и Тифани, кои ги купувале или добивале за подарок низ годините. 


Р.Ж.М.

Фото: Инстаграм

Блеснаа новогодишните елки во домовите на познатите: Еве каде почна да „мириса“ на Нова Година и Божиќ