„Можевме да бидеме Бони и Клајд, но …“: Позната македонска двојка се спореди со најпознатиот криминален љубовен пар

Добивај вести на Viber

Перо Антиќ веќе некое време е во љубов со неговата девојка, Сања Ристиќ.

Последната објава на Антиќ привлече внимание, бидејќи неговата врска со Сања ја спореди како онаа на Бони и Клајд. Па со фотографија на која изгледаат сериозни, се пошегува и напиша:

„Можевме да бидеме Бони и Клајд, но решивме да останеме на ниво и да бидеме свои“, напиша Сања.

Под фотографијата следеа коментари: „Трепни ако треба ургенција“, „На опера сте ова така?“, „Јаден Перо“ се дел коментарите на нивните следбеници.

Еден од познатите факти за Бони и Клајд е дека бил пар од 30-те години и биле еден од најозлогласените убијци и ограбувачи во САД. Едноставно овој пар го уживале статусот како на некоја позната холивудска ѕвезда.

Нивната љубов започнала уште на прв поглед. Фактите говорат дека Бони и Клајд биле неразделни од нивното запознавање. Наводно нивното земното ветување било дека или ќе останат слободни, или ќе умрат заедно.

Приказната за Бони и Клајд завршува во 1934 година, кога и двајцата биле убиени од полицијата.

Фото: Инстаграм
РЖМ