Истанбул низ објективот на водителката Јелена Богојевиќ: Магичен и уникатен
Истанбул е убав во секоја доба од годината. Патувањето во градот на Босфорот е вистинско уникатно доживување. Веруваме дека со убави спомени од овој град ќе се врати и водителката Јелена Богојевиќ.
Работните ангажмани на „Магазин Плус“ емисијата која се емитува на Сител Телевизија ги стави на пауза и се одлучи предновогодишно да го истражува Истанбул.
Судејќи според фотографиите кои ги објавила на нејзиниот Инстаграм профил, Јелена целосно уживала во прошетките на една од најголемите светски метрополи кој се протега на два континента, Европа и Азија, преку Босфорскиот проток.
Град богат со култура, историја, разнолична храна специфична само за Истанбул.
Панорамскиот поглед кон градот и Света Софија, Топкапи-сарај – објект заштитен од УНЕСКО, прошетка на брод низ Босвфорскиот проток, чаршиите, сето ова е Истанбул.
Еве како Јелена го доживеа градот преку фотографии:
Фото: Инстаграм
РЖМ