Семејство во Гевгелиско ќе се насладува на домашни портокали: Да, да домашни! Дрвото им е засадено во дворот

Добивај вести на Viber

Во убавата и топла Гевгелија, во селото Марвинци семејството на госпоѓа Јасмина Костиќ ќе се насладува со домашни портокали. Да, да со домашни, бидејќи портокалите се плод на нивното дрво. 

Вредната дама се пофали на социјалата мрежа фејсбук во групата Дворчето дека со нејзините внуци ги набрале портокалите. Дрвото им е засадено во дворот. 

Убавите портокалови плодови се радост за дечињата, а богами и за возрасните.  

Не знаеме дали прва година госпоѓата заедно со семејството се насладуваат на домашни портокали, но убаво е да се знае дека покрај маслиниките кои се произведуваат во Дојран, Валандово и Гевгелија, во сончевата Гевгелија успеваат и портокали.  

Под објавата на госпоѓата се нижеа многу позитивни коментари, а друга госпоѓа сподели дека кај неа во дворот за прв пат дрвото мандарина родило плодови, исто така во топлата и убава Гевгелија. 

Дали тоа ни навестува дека во блиска иднина можеби ќе јадеме домашни портокали и мандарини останува да видиме.


Р.Ж.М.

Фото: Фејсбук - Дворчето