Сузана Гавазова горда на своите ќерки: Емили и Селена го имаа првиот јавен концерт на пијано
Ќерките на фолк-пејачката Сузана Гавазова талентот за музикалност очигледно го наследиле од нивната мајка.
Емили (10) и Селена (9) се вистински убавици кои ја сакаат музика, тоа го покажаа во 2022 година кога двете пееја на детскиот фестивал „Вртелешка“ во Струмица.
Гордата мајка не ги криеше емоциите и задоволството и по нивниот вчерашен концерт.
„Вечерва моите ќерки свиреа на концерт во музичкото училиште „Боро Џони“ во Струмица и се забавуваа на концертот заедно со своите другарчиња, а родителите изгледаа како да се вистински фанови. Голема благодарност до учителот Дарко Атанасов, а уште поголема благодарност до учителката од Основното училиште „Сандо Масев“, Васка Георгиева што присуствуваше на концертот. Навистина беше голема чест за нас, а за децата вистинска среќа“, напиша Гавазова.
Талентот го имаат и го вежбаат, желбата засега е да свират на пијано, но никогаш не се знае, можеби еден ден Емили или Селена ќе тргнат по стапките на мама Сузе.
Фото: ИнстаграмРЖМОвој ден го чекам цел живот: Сузана Гавазова е пресреќна што нејзините ќерки ја избраа музиката (ФОТО)