Продолжен викенд на плажа: Водителот Ненад со децата се рекреира во Грција

Добивај вести на Viber

Водителот Ненад Ѓоргиевски овој продолжен викенд ужива со своето семејство покрај море.

Секој слободен момент водителот го поминува со неговата сопруга Горана и нивните две деца, близнаците Иво и Љупка.

Ненад сподели фотографија од Неа Плаја во Грција со Иво и Љупка како рекреативно возат велосипед и уживаат во преубавиот пејзаж покрај море.

На почетокот на овој месец се славеше во домот на водителот, по повод 9-от роденден на Иво и Љупка.

„Среќен 9-ти роденден Иво и Љупка! Вие сте нашата гордост и инспирација. Продолжете да сонувате големи соништа и да ги постигнувате сите ваши цели. Ве сакаат мама и тато“, напиша Ненад.

Фото: Фејсбук
РЖМ