„Бевме жени и сакавме промени, да докажеме дека филмот не е само за мажите“: Лабина Митевска доби награда за копродукција на Еврпските филмски награди

Добивај вести на Viber

Македонската актерка, продуцент и копродуцент Лабина Митевска ја доби наградата за меѓународна копродукција на „Еуримаж 2024“ и на Европската филмска акдемија на Еврпските филмски награди во Луцерн, како потврда за нејзината долгорочна посветеност на оваа индустрија.

„Многу ретко можам да зборувам на македонски. Ви благодарам“, се обрати Лабина пред присутните во салата во Луцерн.

View this post on Instagram

A post shared by European Film Academy (@europeanfilmacademy)

Во својот говор таа истака дека кога ја основата филмската копманија пред 25 години, таа била единствената жена продуцент, додека нејзината сестра единствена жена режисер, во малата убава земја Македонија.

„Ни беа потребни години и години да се докажаме себеси во едно балканско мачо оштество. Бевме жени и сакавме промени. Сакавме да докажеме дека филмот не е ексклузивен и не е само на мажите. Како филмски професионалци сакавме да имаме што повеќе европски копродукции, со се повеќе вклучени жени, но пред сe сакавме да правиме филм без никакви компромиси. Не беше лесно. И се уште не е. Но ние веруваме дека филмот може да го промени светот и да даде нова перспектива. За жал светот денес станува се потажно место. Светот во кој живееме е пол со војни, насилство, неправди, нетолеранција. Светот во кој живееме е полн со неодговорни политичари кои создаваат бегалци и миграции. Во светот во кој живееме, сведоци сме на национализам, расизам и алчен капитализам. Светот во кој живееме е полн со репресивен режим каде луѓето не можат да зборуваат и да создаваат слободно. И еве не нас тука. Сите ние кои создаваме филм, раскажуваме приказни… Светот никогаш немало поголема потреба од нас, раскажувачите кои имаат храброст да ги раскажат приказните. Затоа вечерва јас ќе го славам тој филм, но и мојот татко кој почина пред два месеци и кој ме научи да бидат страсна токму за овој тип на филм. Горда сум што сум дел од ова евопско филмско семејство“, рече Лабина од говорницата.

Фото: Инстаграм