Како да ja спречите кондензацијата во вашиот дом? Ослободете се од маката со производ кој сигурно го имате дома
Постои едноставно решение за кондензација кое сигурно го имате дома...
Во зимските месеци често се формира кондензација на прозорците, што може да предизвика сериозен проблем, како што е појавата на влага и мувла. Постои многу едноставно решение за кондензација што веројатно веќе го имате во вашата бања.
Користете пена за бричење
Еден човек, кому му здодеало од тоа да ги брише прозорците секој ден, на форумот Експерт побарал совет. Една жена напишала дека пробала сè и дека најлесно решение да се спречи кондензацијата на прозорците е да се нанесе мала количина пена за бричење на внатрешната страна на прозорецот.
Што треба да направите
„Внатрешната страна од прозорецот премачкајте ја со пена за бричење. Нанесете ја рамномерно со крпа, не употребувајте премногу, само колку да остане тенок слој. Тријте додека не се исчистат прозорците, ќе остави тенок мрсен слој", напишала жената, додавајќи дека со ова се решава проблемот со кондезација на прозорците секој ден во зима.
Извор: Najzena.alo.rs