„Тато ми за Божиќ ни подари ДНК тест и го уништи семејството за неколку секунди“: Мајката и тетките биле шокирани од резултатите - никој не го очекувал ова
ДНК тестовите се совршен начин да се забавувате со семејството или да имате целосно изненадување. Во духот на тој тренд делуваше и блогерката Кет Мекдоналд, која неодамна проговори за шокантното откритие кое се заканува да и го уништи семејството.
Имено, таа сподели видео кое брзо стана вирално - го погледнале речиси 4 милиони луѓе, во кое зборува за тоа како божиќниот подарок на нејзиниот татко од корен го променил животот на сите.
Имено, на целото семејство им подарил ДНК тест кој меѓу другото ги открива етничките групи и географските региони од кои потекнувате.
Откако Кат го направила тестот, се покажало дека таа е 75 отсто Норвежанка, а остатокот е Германка и Британка, со ниту една трага на Ирка.
@ohkittymykitty #stitch with @meezersqueezer This is the first time I have said this on the internet and my soul just sighed. #fyp #Ancestry #ancestrydna original sound - Cat McDonald
Не само што не е Ирка, туку ...
„Цел живот се претставувам како Ирка, затоа што се презивам Мекдоналд, а косата ми е светло црвена“, рече таа, додавајќи дека му се јавила на својот татко и му рекла: „Погоди што? Јас воопшто не сум Ирка."
Тестирање покажало дека таа имала 100 проценти совпаѓање на ДНК со еден маж, но дека тој не е нејзиниот татко.
„Веднаш стапив во контакт со мајка ми и две тетки и сите, вклучително и мајка ми, беа потресени и шокирани, но дури и татко ми го препозна името“, рекла блогерката и додал дека станува збор за стар семеен пријател.
„Сакам да кажам дека сум благодарна за животот што ми го дадоа моите родители, но сега намирисувам нешто не убаво“, рече таа, а потоа истакна дека го прогуглала тој човек и дека тој е милијардер и директор на компанија.
Додала и дека одбил да се сретне со неа откако го слушнал нејзиното име. На крајот од целата сапуница таа изјави дека планира детално да ја истражи целата приказна, и да ја открие вистината.
Фото: ПринтскринИзвор: Zena.blic.rs