„Дома сè средено, на принцезава моја ѝ се погоди сопругот“: Сопругата на Горан Папаз брои ситно до породувањето
Музичарот Горан Папаз и неговата сопруга Наташа ги чекаат нивните први дечиња. Музичарот во август објави дека нивното семејство ќе се збогати за утре три нови членови.
„1 на 10.000 биле шансите за природна тројка … ние победивме! Вака изгледа скрининг на три бебиња во меше. Ви кажав еднаш, не дека е моја ама … П.с. Го решив проблемот со барање музичари за бенд“, напиша тогаш Папаз.
Музичарот неколку месеци подоцна објави фотографија од неговата сопруга која е во осмиот месец од бременоста, па се пожали дека домашните обврски сега се на негов грб.
„Ау сега со три бебиња, само мирување, мораш … “ – Принцезава моја во 8-ми месец. Секој ден: работа, вежбање, активности, дома средено, насмеана, позитивна и така … ја сакам. П.С. И се погоди сопругот.
Фото: Инстаграм