Вистинска домаќинка: „Еднаш или двапати месечно ме фаќа „лудио“ и чистам по дома“ - Пријовиќ сама и со куќна помошничка ја средува вилата од 500.000 евра

Добивај вести на Viber

Пејачката Александра Пријовиќ е една од најпопуларни пејачки на Балканот, а покрај деловните обврски, многу е посветена на семејството и домот.

Александра Пријовиќ живее со сопругот Филип Живојиновиќ и синот Александар во вила на Бежанијска Коса чија вредност е околу 500.000 евра.

„Најмногу уживам кога сум со семејството, кога сум со син ми. Сакам да лежам и да гледам телевизија. Се додека не морам да одам никаде", рекла Александра во една прилика и открила колку време троши на домашни работи.

„Бидејќи немам многу време, еднаш или двапати месечно ме фаќа „лудио“ и чистам низ дома. Бидејќи куќата е на четири нивоа, го користам цел ден и чистам од подрум па нагоре нагоре. Имам домашна помошничка , но сите ќе се согласат дека сопственикот најдобро си го чисти просторот“, изјавила во една птрилика Пријовиќ за Stori.hr.

Фото:Принтскрин/ Јутјуб
Извор: Mondo.rs