Лепа Брена во инвалидска количка - не дојде сопругот Боба да ја земе пејачката од болница, туку тој

Добивај вести на Viber

Таа мораше да откаже два концерта поради тешка повреда.

Лепа Брена излезе од болница, ден по операцијата, откако на третиот концерт во Арена Загреб ја скрши ногата.

Брена ќе го продолжи лекувањето дома.

Пејачката во инвалидска количка била симната до нејзиниот автомобил, а долгогодишниот член на бендот Зоран Кики Чаушевиќ дошол да ја земе, пренесува Блиц.

Сенида: „Повеќе се грижеше за тоа момче отколку за себе“

Сенида Хајдарпашиќ, попозната како Сенида, која вечерта беше гостинка на Брена на концертот, за хрватските медиуми проговори за самиот момент на несреќата:

- Стоев зад бината, да го слушам концертот. И во тој момент некој ми пријде и ми рече: „Ауууу Брена! Еден човек падна врз Брена, ја повреди и не знам што... И тогаш не знаев што ќе се случи, дали сакаше да го продолжи или да го прекине концертот.. Не знам каква болка имаше. Таа беше повеќе загрижена за тоа момче отколку за себе.

Жената пушти и солза. Таа беше загрижена за него, како: „Нема да ми кажеш дали е добро или не“. Вели ќе биде лесно за неа, повеќе се грижи за него отколку за себе. Верувам дека денес би го направила концертот кога би можела, макар и со вакви конци на ногата би го направила - изјавила Сенида.

Брена се огласи по несреќата

„Драги мои...

Животот не потсети, по којзнае кој пат, колку е важно да се задржиме во нашите срца и да се сеќаваме на сè убаво што имаме, бидејќи ништо не се зема здраво за готово и сè поминува брзо. Но, исто така, не потсетува дека убавите моменти секогаш доаѓаат повторно и повторно.

За жал, синоќа за време на еден од незаборавните моменти на концертот, до половина од концертот се случи несреќа кога снимателот падна врз мене и како последица на тој пад ја скршив ногата. Не сакав да престанам, но за љубов на сите вас во Арената продолжив да пеам. Добрата вест е дека се ќе биде во ред, но во моментов ми треба малку време да се опоравам. Вашата љубов, поддршка и трпение во овој период ни значат многу. Ви благодарам од се срце.

Наскоро ќе ве информираме за новите термини за одложените концерти. Ви благодариме за разбирањето и што сте секогаш со нас.“, стои во објавата на пејачката.