„Може да ми ги промени прозорците на шупата“: Карлеуша за озборувањата Вики Миљковиќ да ѝ ја реновира вилата на Дедиње
Пејачката Јелена Карлеуша вели дека тоа било маркетинг бидејќи во тој период нејзината колешка отворала фирма
Пред неколку години во медиумите беше објавено дека пејачката Вики Миљковиќ ќе ја реновира вилата на Јелена Карлеуша на Дедиње во која живееше со поранешниот сопруг Душко Тошиќ.
Јелена и Душко наводно ја ангажирале фирмата на Вики Миљковиќ, за таа заедно со сопругот Драган Ташковиќ Ташкет да ја реновира нивната вила на Дедиње, што Јелена како гостинка во подкастот го нарече маркетиншки потег.
„На Вики ѝ значеше да го каже тоа, затоа што отвораше компанија за тоа, па ѝ дозволив да го каже тоа. Мене може да ми годизајнира изгледот на летната куќичка или шупата, како што јас ја нарекувам, да ја обои некој ѕид или да промени некој прозор.Ништо повеќе од тоа. Вики и било каков сенс за естетика...Но, секако и ја посакувам сета среќа. Сакам да се закачам со Вики и да се шегувам со неа, јас и таа немаме иста идеја за естетика“, изјави Јелена во емисијата „Sisterhood“.
Фото: Youtube - screenshoot