Лепа Брена објави што ќе биде со преостанатите два концерта во Загреб: Ова нема да им се допадне на многумина

Добивај вести на Viber

Балканската ѕвезда Лепа Брена беше повредена за време на концертот што го одржа синоќа во загрепската Арена, трет по ред од петте предвидени, по што утрово беше оперирана во болница во Загреб.

По интервенцијата се јави од болница и изјави дека доживеала несреќа на половина пат од концертот, но дека сака да го одржи до крај.

Сепак, концертот закажан за вечерва, 10 декември, четврти по ред, и закажаниот за следниот понеделник, 16 декември, се откажани.

Оваа тажна вест ја објави Брена на својот профил, но и организаторите кои открија што ќе биде со купените влезници.

- Поради процесот на опоравување, а по препорака на лекарот, се одложуваат најавените концерти што требаше да се одржат денеска, 10 и 16 декември, во Арена Загреб. 

Купените билети ќе важат и за новите датуми, за кои ќе ве информираме подоцна, додека на оние на кои не им се допаѓаат новите датуми ќе им биде целосно рефундирана сумата. Во име на Лепа Брена, нејзиниот тим и организаторите, ви благодариме за разбирањето и поддршката! – се наведува во соопштението на Екстра ФМ.

Преку социјалните мрежи пак се огласи и самата Лепа Брена. Таа на Инстаграм напиша:

„Драги мои...

Животот не потсети, по којзнае кој пат, колку е важно да се задржиме во нашите срца и да се сеќаваме на сè убаво што имаме, бидејќи ништо не се зема здраво за готово и сè поминува брзо. Но, исто така, не потсетува дека убавите моменти секогаш доаѓаат повторно и повторно.

За жал, синоќа за време на еден од незаборавните моменти на концертот, до половина од концертот се случи несреќа кога снимателот падна врз мене и како последица на тој пад ја скршив ногата. Не сакав да престанам, но за љубов на сите вас во Арената продолжив да пеам. Добрата вест е дека се ќе биде во ред, но во моментов ми треба малку време да се опоравам. Вашата љубов, поддршка и трпение во овој период ни значат многу. Ви благодарам од се срце.

Наскоро ќе ве информираме за новите термини за одложените концерти. Ви благодариме за разбирањето и што сте секогаш со нас.“, стои во објавата на пејачката.



Фото: Инстаграм