Прослава во домот на Вељко Ражнатовиќ, се огласи и Анастасија: Честитки доаѓаат од сите страни
Синот на Светлана Цеца Ражнатовиќ, боксерот Вељко Ражнатовиќ денеска го слави својот 28 роденден.
Честитките до Вељкo почнаа да доаѓаат од сите страни, а неговата сестра Анастасија сподели колаж од заеднички фотографии на својот Инстаграм профил и напиаш: „Среќен роденден“, а со фотографијата сподели и роденденска песна.
Да потсетиме, Вељко Ражнатовиќ ужива во семејниот живот, а со сопругата Богдана Ражнатовиќ со која има три деца, синовите Жељко, Крстан и Исаија.
Пред неколку години се преселија во Тител, родното место на неговата сопруга и истакнал дека многу му се допаѓа животот на село.
- Пресврт за да се преселам на село беше моментот кога сфатив дека Белград отишол до точка од која нема враќање и дека не сакам моето дете да расте во таа средина - рече Вељко.
- Штом се вратам во Тител се враќам во нормала. Одам да спијам помеѓу 21 и 22 часот, а се будам околу 04:30 часот. Навикнат сум таму да се будам пред зори, додека во Белград не можам да го направам тоа. Да имав петел ќе го разбудам, но имам само кокошки носилки. Јадам само тоа што сам го одгледувам, многу е поздраво и за децата. Тоа беше на иницијатива на сопругата. Мојот дедо одгледува кокошки, а јас прасиња, ние имаме сопствена фарма. Не ми недостига Белград, ни малку. За мене селото е многу подобро, а Тител е навистина преубав. Уживање на река, во дивина, на рид... Не сакам гужви, сообраќај, не сум таков. Во исто време сум 20 минути од Зрењанин и 50 минути од Белград, значи блиску сум - изјавил Вељко во една прилика.
Фото: Инстаграм
Извор: Blic.rs