Зграда во Куманово блесна украсена новогодишно: Одличен пример за соживот и единство
Секоја чест за жителите на зградата
На една од најголемата група на Фејсбук насловена како „Дворчето“, госпоѓа по име Славица Јованоска сподели многу интересни несекојдневни фотки од нашето општество. На нив е опишано колку нејзините соседи од зградата се сполетени и блиски. Што реално е реткост.
Влезот на нивната зграда станарите го украсиле новогодишно.
Со панделки и елка, но и по скалите продолжуваат празничните детали, има од се‘ по нешто Дедо Мраз, еленче, божиќни венци и гранки, лампиони и многу други новогодишни украси.
Овие соседи кои живеат во Куманово имаат и две елки.
Одличен пример за супер добрососедство.Ако добро ги видите деталите, овие станари имаат уметнички слики и убаво уредна огласна табла што значи сакаат да им биде влезот во зградата уреден и пријатен во текот на целата година.
Инаку, коментарите под објавата на госпоѓа Славица собра безброј позитивни коментари.
Секоја чест!
Р.Ж.М.
Фото: Фејсбук - Дворчето