Жика Јакшиќ сподели убава вест, не крие колку е среќен: Честитки доаѓаат од сите страни
Жика Јакшиќ доби награда за шоуто
Здружението на уметници од поп музика на Србија (СЕМУС) ги додели најпрестижните награди на најзаслужните претставници на српската музичка сцена, а наградата „Златна птица“ ја доби Жика Јакшиќ за шоуто „Никогаш не е доцна“.
Жика, кој е водител и автор на емисијата „Никад није касно (Никогаш не е доцна)“ не ја криеше радоста од ова признание.
- Почитувани гледачи, сакам да се пофалам во свое име и во име на сите мои колеги кои работат на реализација на емисијата „Никогаш не е доцна“, оваа година добивме уште една специјална награда од СЕМУС наречена „Златна птица“ за нејзиниот придонес во музичката индустрија - рече Жика и додаде:
- Што да кажам, ви благодарам. Убаво е што една емисија ја добива оваа награда, особено што тоа е емисијата „Никогаш не е доцна“. Навистина убава потврда дека се‘ што правиме има смисла и дека луѓето го препознаваат - изјави гордиот Жика.
Покрај шоуто „Никогаш не е доцна“, признание за придонесот во музиката доби и продукцијата Гранд, а радоста не ја криеше и Горан Шљивиќ, директорот на Гранд.
Фото: Youtube - screenshoot