За неа нема невозможни нешта: Фолкерката Гавазова со смела фризура, го смени имиџот

Добивај вести на Viber

Фолк-пејачката Сузана Гавазова често знае да изненадува кога се работи за изгледот. 

За гостувањето во последната емисија таа реши да ја промени долгата коса и да се појави на малите екрани со фризура со која досега ја немаме видено.

Гавазова изненади и се појави со нов имиџ , односно афро изглед на фризура.

Интересно е што токму таква фризура во последно време носи и водителката Катерина Тодевска Спасиќ во емисијата „Никој како“, каде што гостинка беше Гавазова.

View this post on Instagram

A post shared by Никој како … (@nikoj_kako)


„Секси девојка“, „Преубава фризура“, „Една и единствена“ , „Сузана е лепотица“, се само дел од коментарите кои се нижеа под видеото кое го објави фолкерката, која не се чуди двапати пред да направи ваква промена.




FOTO: Printscreen Instagram