Една од најубавите жени во светот се омажи во тајност: Го зема неговото презиме
Адријана Лима, која многумина ја сметаат за една од најубавите жени на светот, по втор пат го кажа судбоносното „да“.
Таа му се заколна на вечна љубов на својот долгогодишен партнер, францускиот продуцент Андре Лемер, со кој пред две години го доби синот Цијан.
Заљубениот пар за прв пат се појави заедно во јавноста на почетокот на 2021 година, на фестивалот во Венеција, а нивната врска оди само нагоре.
Без многу внимание и далеку од медиумите, Адријана Лима се омажи во тајност, а судејќи по фотографијата која ја објави на својот Инстаграм, романтичната церемонија се одржала на песочна плажа.
Заедно со фотографијата на која се држат за рака, атрактивната Бразилка напиша: „Официјално, госпоѓа Лима Лемер“. Емотиконот за невестата и венчалниот прстен дополнително ги опиша промените во нејзиниот живот.
Адријана Лима долго време го носеше прекарот „српска снаа“, а го доби по свадбата со српскиот кошаркар Марко Јариќ.
Тие се верија во 2008 година, на 27-миот роденден на Адријана. А се венчаа следната година, на „Денот на вљубените“. Интимната церемонија се одржа во државата Вајоминг, а присуствуваа само кумовите и неколку пријатели.
Сè било толку тајно што, наводно, родителите на Марко дознале подоцна, од весникот.
Парот никогаш не ги откри деталите од венчавката, а оние кои се надеваа на „голема српска традиционална свадба“ не ја видоа. Успешниот кошаркар и бразилскиот топ модел се разведоа во 2014 година.
Сепак, тие останаа во пријателски односи и заедно се грижат за ќерките Валентина и Сијена. Андре Лемер има две деца од претходната врска.
Фото: Инстаграм/ Youtube - screenshoot