КАКВА БОМБА, КАКОВ ЗАДНИК: Оваа девојка го има совршеното тело според ВИ

Добивај вести на Viber

Се проценува дека 25-годишна девојка има совршено женско тело.

Бразилската инфлуенсерка Керол Розалин (25) е прогласена за сопственичка на совршеното женско тело според анализата на вештачката интелигенција. 

Магазинот „Плејбој“ од Австралија пишува дека вештачката интелигенција ѝ ја дала титулата „совршена десетка“ земајќи ги предвид факторите како симетријата, пропорциите, здравјето и физичката сила кои заедно го сочинуваат најубавото женско тело.


Се храни здраво и редовно тренира

Розалин ја припишува својата фигура на здравата исхрана и редовните тренинзи во теретана. "За мене е победа кога ги гледам резултатите во огледало. Неверојатно е чувството да те препознаат како жена во совршена форма", изјавила Карол за споменатиот магазин. Таа додаде дека почнала да тренира пред осум години, а денес тренира со тегови пет дена во неделата и секој ден оди на часови по аеробик.

Таа рече дека нејзината исхрана главно се состои од овошје, зеленчук, овесна каша и пилешко. За појадок, вели, јаде кајгана со две јајца, папаја, ананас, овес и цимет, а на крајот пие кафе.


Голема улога играат генетиката и начинот на живот

Фитнес експертот Бен Лукас предупредува дека нејзината фигура не треба да се припишува само на тренинзите и исхраната. „Генетиката и начинот на живот играат голема улога во обликот и типот на телото. Важно е да се нагласи дека има многу „совршени“ типови на тело. Мислењата се субјективни, а концептот за совршено тело сам по себе е релативен“, рече Лукас, додавајќи дека „ нема сите жени да изгледаат исто ако го следат нејзиниот режим“. Инаку, Лукас е сопственик на студио за фитнес и јога во Сиднеј и има соработувано со бројни познати личности.

„Клучот е да бидете активни секој ден, без разлика дали тоа е брзо одење, пливање, тенис или вежбање“, додаде Лукас. Кога станува збор за исхраната, тој смета дека таа треба да биде богата со овошје, зеленчук, јаткасти плодови и немасни протеини. Тој заклучил дека фитнес инфлуенсерите како Керол имаат огромно влијание врз младите луѓе, кои често се обидуваат да го копираат нивниот животен стил.