Погледнете како изгледала пред 40 години: Тања Бошковиќ во костим за капење, без силикони, со лице на ангел
Се појави слика од српската позната актерка на која таа со својот природен изглед може да им парира на многу светски убавици.
Таа отсекогаш била позната како една од најубавите жени на Балканот, а неодамна на социјалните мрежи се појави фотографија од Тања Бошковиќ која датира од пред приближно 40 години.
Профил на Инстаграм ја сподели сликата на Тања од тој период, а она што предизвика големо внимание е фактот дека актерката речиси не се променила и по речиси четири децении.
Денес, многумина можеби ќе бидат воодушевени од фактот дека Тања е сосема природна на фотографијата, што е во целосна спротивност со денешните трендови за убавина и девојки кои направиле бројни естетски зафати.
Инаку, актерката е препознатлива по нејзините јасни ставови, позитивната енергија и корисните совети кои често ги споделува, особено за жените. „Убавината е внатре. Никој од овие со силикони во устата, оперирани, нема да разбере за што зборувам. Залудно се трудат. Навистина е смешно. Замислете ги оние девојки кои ставаат импланти во градите, и не знам каде се‘ на друго место... А што е тоа глупаво и непотребно? А пак жените на мои години кои се трудат да ги испеглат брчките. Што сакаат себеси да си кажат? Очите не лажат. Јас знам кој живот го проживеав. Тоа е најубавото нешто за мене, што знам кога бев зарѓосана, и кога станав, и не ми е гајле“, рекла таа во една прилика, пренесува Стил.
Фото: Инстаграм/ Youtube - screenshoot