Не мора да купувате елка: Направете своја магија со малку пари и неколку уникатни идеи (ВИДЕО)
3 идеи за новогодишна елка кои можете сами да ги направите - едната е блескава, втората е нежна и мека, а третата е дрвена. Повеќето материјали веќе ги имате дома или лесно можете да ги набавите за малку пари...
Новогодишната магија во домот носи посебна енергија, вибрации на среќа, љубов и заедништво. За да го внесете празничниот дух во вашиот дом, сигурно сте размислувале за украсување. Доколку сакате нешто поинакво, евтино и целосно уникатно, ви носиме 3 идеи за новогодишна елка - можете сами да ја направите.
Доколку размислувате да купите нова елка за 2023 година, прво погледнете ги следните предлози. Еве што можете да направите со мала инвестиција и работи што ги имате дома:
1.Пуфкаста блескава елка – Ова е совршен избор за оние кои ја замислуваат Новата година што е можно поблескава, со многу светки и сјај. Потребна ви е стара корпа за алишта, некои дрвца, лепак, пуфкави ленти за украсување на елката и лампиони - не заборавајте ја ѕвездата на врвот. Процесот на производство погледнете го во видеото подолу.
@lexi.diy This tree is almost as tall as me #christmadiy #dollartreediy #christmasdecor #diychristmas Rockin' Around The Christmas Tree - Brenda Lee
2. Мини елки како украси за маса и полици - Оваа нежна и едноставна еко декорација целосно не‘ воодушеви. Треба да го свиткате картонот како конус, да ги залепите краевите со силикон, а потоа целиот конус да го завиткате со волница (на видеото е со кралско сина волница, вие ставете каква сакате). Нанесете лепак врз волницата и оставете да се исуши. Потоа украсете го со бисери, мониста, светки по желба, мали лампиончиња, или оставете ги само со воницата. Проверете го процесот подолу!
@lexi.diy Thank you @gowithgarrett for this awesome DIY idea! I’m OBSESSED! #Artmas #holidaycrafts #easydiy #christmascraft All I Want for Christmas Is You - Mariah Carey
3. Дрвена елка - Еден од најуникатните еко украси е дрвена елка која можете да ја направите од дрва кои можете да ги соберете во блискиот парк или шума. Овде е важно да имате структура во форма на жица на која ќе ги нанижувате дрвјата, како и да ископате дупка на дрвото. Над дрвената елка ставете панделки, светилки или вашите омилени украси.
@sharib_craftycreations 5 ft Driftwood Tree that I made for someone in Florida a few years ago- used as their Christmas tree Check out my insta- tag in bio #diy #driftwood #christmas #tree #smallbusiness #nj Rockin' Around The Christmas Tree - Brenda Lee
На дрвената елка доколку и додадете сијалички таа се претвара во уникатна новогодишна декорација.
@sharib_craftycreations The process is long but so worth it! #diy #fyp #christmas #tree #driftwood #nj #smallbusiness #foryoupage #holidaytiktok #crafty It's Beginning to Look a Lot like Christmas - Michael Bublé
Фото и Видео: ТикТок