Меган Фокс прв пат во јавноста го покажа трудничкиот стомак: По спонтаниот абортус, актерката повторно ја „огреа сонце“
Таа беше снимена во продавница во Лос Анџелес и во преден план го истакна трудничкиот стомак.
Атрактивната актерка Меган Фокс (38) за прв пат е снимена во јавноста по веста за нејзината бременост. Фокс го очекува своето прво дете со партнерот Машин Ган Кели (34), а сега е фотографирана во продавница во Лос Анџелес каде спремно им позирала на фотографите, како што пишува Enews.
Таа позираше во проѕирен фустан кој го истакна нејзиниот труднички стомак.
-Никогаш ништо не е навистина изгубено. Добре дојдовте назад – напишала Фокс во описот на објавата на својот Инстаграм и додала емотикон ангел и срце.
Нејзината објава за бременост доаѓа една година откако таа откри дека доживеала спонтан абортус.
Раперот и актерката врската ја започнаа во 2020 година, по нејзиниот развод. Тие наводно се зближиле за време на снимањето на филмот „Midnight in the Switchgrass“, а во јануари 2022 година се вериле.
foto: instagram printscreen