Вака изгледала Емина Јаховиќ пред естетските операции! Призна дека го оперирала носот на 14 години, а еве за што платила 15.000 евра

Добивај вести на Viber

Има успешна кариера, но изгледаше поинаку на почетокот на кариерата

Емина Јаховиќ денес многумина ја нарекуваат српската Пенелопе Круз, но пејачката на почетокот на кариерата изгледала поинаку.

Не може да се спори дека Емина Јаховиќ е една од најубавите жени на српската јавна сцена.

„Кога веќе зборуваме за операциите, дојде време да ви ги кажам и потврдам од прва рака сите работи поврзани со истите, а кои вие не ги знаете. Во мојот живот не сум направила ниту една пластична операција на себе, освен операција на носот, кој првпат го скршив на 14 години. На 14 години не можев да направам операција, бидејќи коските на лицето сè уште се развиваа, па морав да чекам. Тоа го направив на возраст од 21 година“, напиша Емина пред неколку години на Твитер и негираше дека имала операција на усните.

View this post on Instagram

A post shared by Hvala plasticaru  (@tvoje_lice_zvuci_poznato)

„Моите усни се целосно природни и полни“, додаде таа тогаш.

Јаховиќ ретко јавно зборува на оваа тема, иако е очигледно дека освен генетиката, здравиот начин на живот, кој го промовира и напорните тренинзи, за својот изглед може да му се заблагодари и на хирургот кој се занимавал со нејзиниот изглед.

Пејачката Емина Јаховиќ од секогаш важела за една од најубавите жени на естрадата. Малкумина знаат дека таа пред да стане пејачка била успешна манекенка и се натпреварувала за титулата „Мис Универзум“. Сепак, неизбежно е да се забележи дека и операциите си го направиле своето.

Покрај тоа што ја осветли бојата на косата, пејачката целосно го промени и лицето што можеше да се забележи од неодамнешното појавување во јавноста. На прв поглед изгледала дека има одлична шминка, но од блиску, таа била минимална па лесно можеле да се забележат новите естетски корекции.

View this post on Instagram

A post shared by Hvala plasticaru (@tvoje_lice_zvuci_poznato)

Наводно по ова медиумите излегоа со информација дека Емина неодамна го посетила својот хирург во Истанбул каде направила корекција на очните капаци и јаболчници, а го затегнала и лицето.

Јаховиќ никогаш не криела дека физичкиот изглед и е многу важен, а благодарение на сите естетски корекции пејачката сега изгледа речиси двојно помладо. Како што пренесуваат медиумите, таа овој пат наводно потрошила дури 15.000 евра за разубавување.

- Секоја жена сака да изгледа убаво, покрај мајка ми имав пример дека треба да се грижам за своето тело, лице, душа. Мојата работа е таква што морам да изгледам убаво на сцената, иако приватно сакам да шетам без шминка и да бидам опуштена - изјави Емина.

Сепак неизбежни се и кометарите на душегрижниците на социјалните мрежи, кои и тоа како упатуваат критики дека пејачката сепак претерала со операциите.

-„Ако продолжиж вака ќе станеш како Мајкл Џексон“, „Ова е претерано„, „Убава е но мислам дека овој пат претерала“...

Фото: Инстаграм