Вака сега изгледа ќерката на Гоца Тржан и Иван! Пејачката е горда мајка, а има и зошто

Добивај вести на Viber

Лена порасна во убава девојка

Пејачката Гоца Тржан со Иван Маринковиќ ја има ќерката Лена и не крие колку е горда на неа.

Кога започнала средно училиште во 2022 година, Гоца изјавила:

- Од време на време ја оставам ќерка ми на училиште. Лена оди  прва година во 15-та белградска гимназија. Јас сум исклучително горда на неа. Таа е одлична, има добро друштво. Добро ѝ оди. Таа е многу независна. Тоа е најважно.

- Таа оди во државно училиште, да. Беше шок за сите, моето дете оди во државно, замислете... Зошто не е во приватно, оти нема потреба. Здрава е, снаодлива, тоа е тоа – истакна пејачката.

- Лена не е заинтересирана за јавна работа. За другите јас сум Гоца Тржан, за неа сум мајка. Не сака да се фотографира – додаде тогаш Гоца за „Блиц“.

Лена порасна во прекрасно девојче, а нејзината мајка и пејачка Гоца Тржан се гордее со својата сакана и објави слика на која заедно позираат во врвна облека, но никој не остана рамнодушен на изгледот на Лена.

Имено, таа имаше прилично провокативен фустан, кој одлично ѝ прилегаше.

На фотографијата која се појави на социјалните мрежи поп ѕвездата и нејзината наследничка позираат елегантно облечени, Гоца во краток црн фустан со светки, Лена во темно виолетово парче кое го истакнува секој дел од нејзиното тело.

Несомнено симпатичната Лена порасна во атрактивна млада девојка преполна со самодоверба.


Фото: Инстаграм/ Youtube - screenshoot/ „Х“