Животна училница // Приказни
„Девојката со крилја“ виде како ќерка ѝ ја имитира, па се расплача од среќа: Нешто најубаво што ќе видите денес (ВИДЕО)

Дејана Бачко е сликарка, сопруга, мајка, вози, се подготвува, тренира... Таа е супержена која е тука да не потсети дека не смееме да бидеме мрзливи и да наоѓаме оправдувања за сопствениот недостиг бидејќи - се е можно.
На својот профил на „Инстаграм“ таа сподели видео клип од нејзината ќерка која го имитира нејзиното цртање со прстите на нозете.
-Ова ме расплака - напиша таа.
Психологијата вели дека децата учат преку моделирање на однесување - набљудувајќи што прават нивните родители, а не кажуваат. Затоа постојано се истакнува моќта на делувањето над зборовите и претпазливоста во однесувањето пред дете кое е во формативни години на развој.
Несомнено, ќерката на храбрата Дејана ќе биде мултиталентирано дете.