УЖИВАЈТЕ ВО УБАВОТО И СОНЧЕВО ВРЕМЕ - од понеделник ќе се зголеми облачноста, но високите дневни температури остануваат

Добивај вести на Viber

Стабилното, суво и натпросечно топло време не очекува и денеска низ целата земја. Ќе биде претежно сончево со појава на мала локална облачност. Сето ова е поради влијанието на топлата воздушна маса која продира од југ низ Македонија и целиот регион.

Температурите, според синоптичарите, и денеска ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени. И во Скопје  и околината се очекува да достигнат близу или околу 23 степени. Сепак, утринските и понатаму ќе бидат под нулата,

Дневните температури се повисоки од просечните за овој период од годината.

- Наутро студено, преку денот сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб јужен ветер - најавуваат од УХМР. 

Според објавата на нивната веб страна, невообичаено високите температури ќе продолжат и во текот на следната недела, но сепак, се очекува провмена на времето и зголемување на облачноста. 

Во понеделник не се најавени дождови, но веќе од вторник во попладневните и вечерните часови се очекуваат и врнежи. 

- Сончево и топло со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локален пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од југоисточен правец над 60 километри на час. Слично време и во среда, кога не очекува променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има локален пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од југоисточен правец и ветер над 60 километри на час - објавува УХМР. 

Извор: ФАКТОР
Фото: Freepik.com