Пред 15 години мајката изгубила контакт со синот Иван: Мислела дека е мртов, а потоа следел невиден шок

Добивај вести на Viber

Пред 15 години мајката изгубила контакт со синот Иван, а потоа ја дознала вистината.

Петнаесет години откако изгубил контакт со своето семејство, индонезиски работник мигрант повторно се собрал со својата мајка, благодарение на емисијата на Би-Би-Си. Иван имал шест години кога последен пат ја видел мајка си. Тој поради конфликтот во Индонезија илегално пребегнал во Малезија со својот татко, а без документи за идентификација не можел да се врати дома.

- Ме боли само кога мислам на мајка ми. Не знам каде е таа. Немам документи. Навистина сакам да ја видам – изјави тогаш за емисијата на Би-Би-Си.

Откако неговата приказна се појави на телевизија, во извештајот на репортер на Би-Би-Си за работниците имигранти, неговиот очув стапил во контакт со нивната филијала во Индонезија.

-Кога жена ми се врати од работа, ја прашав: „Ова е твојот син? - рекол Ихал бин Џанар, очувот на Иван.

Кога мајката потврдила дека работникот од емисијата е нејзиниот син, Ихаи контактирал со Би-Би-Си. Мајката на Иван сè уште живее во Индонезија, а по потврдувањето на нејзиниот идентитет, новинар на Би-Би-Си отишол во нејзината куќа. Таа на мајката на Хаи Бедонг кажала дека Иван е жив и здрав.

- Дали кажа дека мајка му се вика Хана? – праша низ солзи таа.

-Да, кажа и дека брат му се вика Ави - одговори новинарот.

- Фала му на Бога - рекла мајката.

Таа истакна дека цело време во срцето знаела дека нејзиниот син е жив.

- Не сум го видела откако излезе од дома. Не сме биле во контакт. Немам телефон - објаснува Хана.

Сега, по 15 години, таа дојде во куќата на Иван.

- Мојот син - извика таа.

- Јас сум твојата мајка. Сине мој, мислев дека си мртов. Прегрни ме. Те сакам синко...

Тој вели дека чекал 15 години за повторно да ја види.

- Конечно сме заедно - рече додека плачеше и ја гушкаше мајка си.

Иван рече дека на почетокот не верувал дека мајка му дошла да го види.

- Затоа не се прегрнав веднаш. Тоа беше шок. Но, тогаш сфатив дека таа е навистина таму. Во тој момент плачев и навистина ја прегрнав – објаснил тој.

Со помош на мајка му, Иван повторно го добил изводот на родените. Сега тој се надева дека ќе добие пасош за да се види со остатокот од неговото семејство во Индонезија, роднини кои ги нема видено од мали нозе.

- Кога ќе го земам пасошот ќе можам да си одам дома - заклучил тој.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Извор: Stil.kurir.rs