„Вашите приказни се моќни, достигнувањата инспиративни и соништата остварливи“: Министерката Сања Божиновска со порака на Денот на жената

Добивај вести на Viber

На Меѓународниот ден на жената министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска на настанот насловен „Енергија на успехот: Таму каде што жените создаваат, иднината се менува“, порача „Жените не се иднината на енергетиката и рударството – жените се сегашноста“.

Настанот во организација на министерката Божиновска, беше посветен на жените кои ја обликуваат иднината на енергетиката и рударството, индустрии кои традиционално се сметаат за „машки“, но кои денес се сведоци на промени кои ги водат токму жените.

-Кога жените се дел од одлуките, енергетските стратегии се попаметни, а ресурсите се поефикасно искористени. Ова не е борба за да бидеме признати, ова е борба за резултати. Како министерка, мојата работа не е само да „мотивирам“ жени да влезат во секторот, туку да обезбедам услови тие да напредуваат во него- истакна Божиновска во своето обраќање.

Дел од настанот и своеобраќање имаше и постојаната координаторка на ОН во земјава и признат меѓународен експерт за родова еднаквост, Рита Колумбија.

- Како жена добро знам што се ни стои на патот. Клучно е да не го одиме патот сами, да имаме вистинска поддршка и партнерство во нашите семејства и опкружување, но и да се поддржуваме ние жените меѓу себе, да играме тимски и да напредуваме заедно- рече Колумбија.

На настанот се одржаа две панел-дискусии, во кои беа вклучени над 50 жени-лидери од индустријата кои ги споделија нивните искуства, но и нивните визии за жените во овој сектор.

Настанот вклучуваше две инспиративни панел-дискусии, каде над 50 жени-лидери од индустријата ги споделија своите искуства и визии.

Овој настан беше и повик за акција, каде ја истакнаа потребата од родова еднаквост, поддршка и инклузија во овие сектори, како и важноста на колективната обврска за поддршка на жените во STEM професиите -да се биде инспирација повеќе млади девојки да ја одберат оваа професија.

Божиновска истакна дека сите имаат моќни приказни, нивните достигнувања се инспиративни, а соништата остварливи.

- Продолжете да ги кршите бариерите и да инспирирате! Заедно, можеме се- порача министерката Сања Божиновска.