„Црвена роза за секоја дама“: Јоце Панов прослави 25 години музичка кариера со концерт во Филхармонија

Добивај вести на Viber

Во интимна атмосфера македонскиот пејач Јоце Панов и подари концерт на женската публика, иако беа во поголем број сепак не изостана и посилната половина.

Во салата на Филхармонија публика од најразлична возраст уживаше во убавата музика, авторските песни на Јоце, но и во песните од други изведувачи.

Достоинствено и како што доликува Јоце Панов беше облечен во црн костум и бела кошула и кравата, како вистински џентлмен на дамите им подари брендирана роза со иницијали од неговoто име и презиме.

Панов поддршка имаше од оркестар во живо, како и гудачки оркестар. Со овој концерт пејачот одбележа 25 години музичка кариера.

Погледнете дел од атмосферата на концертот:

Фото: Ваѓел Тануровски