„На 24 години имав мозочен удар...“: Пејачката и помогна на обожавателка да се опорави, а еве како

Добивај вести на Viber

Нина Бадриќ е една од омилените пејачки во регионот, а нејзините песни на многумина им го променија животот.

Пејачката во една прилика на својот Инстаграм профил сподели фотографии на кои обожавателите и се заблагодаруваат бидејќи некои од нив успеале да се опорават благодарение на нејзината музика.

- Синоќа сакав да те гушнам и да ти се заблагодарам гледајќи во твоите очи. И без да знам, ти си мојот пример. Редовно ве следам... Секогаш бев полна со живот, работев, бев активна во различни општества и на 24 години доживеав мозочен удар. Поточно ми пукна крвен сад во мозокот. После тоа бев 14 дена во кома и од час во час се бореа за мојот живот. И додека бев во кома ми ставија слушалки да ги слушам омилените песни (и твоите беа таму), ми кажуваа пораки - кој ме поздравува и кој се моли за мене - напиша обожавателката на Нина.

Девојката споделила со пејачката дека семејството цело време ја поддржувало и чувало. Додека била во кома слушнала и почувствувала се.

- Кога се разбудив, светот беше поинаков. Не можев да зборувам, не можев да ги движам рацете и нозете повеќе од неколку сантиметри. Но и тогаш, слушајќи ја твојата сила, знаев дека ќе живеам - изјави обожавателката на Нина.

Обожавателката на Нина откри дека таа денес без проблем и голем труд вежба, работи, танцува, зборува.

– Моето мото е „Насмевни се, бидејќи не боли“ и благодарам што постоиш и се споделуваш со нас – заклучува обожавателката на Нина која длабоко ја трогна пејачката.

Да потсетиме, Нина Бадриќ своевремено зборуваше за тешките моменти од нејзиниот живот.

Фото: Инстаграм
Извор: Telegraf.rs