„Животе мој најубав, сонце мое најмило, те сакам до неистражените галаксии“: За Марија Шерифовиќ Осми март конечно има смисла

Добивај вести на Viber

Денеска е Денот на жената, посебен ден кога на дамите им се посветува внимание.

Иако треба да биде секојдневен, овој ден е познат како ден кога се добиваат специјални подароци. Многу познати дами добија подарок од најблиските и партнерите со што се пофалија на социјалните мрежи, а на ред дојде и таа.

Марија Шерифовиќ сподели емотивна фотографија на која го гушка синот, кој и го честиташе 8-ми март со пригоден подарок.

- Осми март конечно има смисла. Животе мој најубав, сонце мое најмило, најубаво момченце, око мое зелено - те сакам до неистражените галаксии - напиша таа.

На фотографијата нејзиниот син Марио ја гушка додека во раката држи роза и балон во облик на срце.

Емотивната фотографија ги воодушеви сите, а пејачката покажа дека нејзиниот живот конечно е исполнет и дека има смисла со таков син - џентлмен.

Фото: Инстаграм
Извор: Telegraf.rs