Јас сум горд Македонец кој 15 години работи во Софија, Бугарија: Трајче Бабамов за Женски магазин

Добивај вести на Viber

Откога знаеме за себе, а особено последните 8 години напнатоста помеѓу Македонците и Бугарите е се чини најразгорена. И од двете страни на двете држави има луѓе кои скоро секојдневно пишуваат и коментираат негативни и скокотливи коментари за другата држава. Дали тоа ни го наметнала историјата, или политиката, можеби и пишувањата во медиумите, на крајот после сите случувања едно е сигурно и точно. Има луѓе и нелуѓе. Од двете држави, ма од целиот свет. Вака го започнуваме денешното интервју, бидејќи имаме интересен лик со кој направивиме квалитетен муабет. Трајче Бабамов е 34 годишен маж, кој е дипломиран инжинер по биотехнологии, а веќе 15 години живее и работи во соседна Бугарија, односно во Софија.

Тој вели дека досега не се нашол во непријатана ситуација кога станува збор за неговиот идентитет и потекло, напротив таму имал многу пријатели и блиски луѓе, па и свои кумашини. А конкурентноста на пазарот на труд во Софија го инспирирала и мотивирала никогаш да не се откаже, туку напротив се‘ повеќе и повеќе да вложува во себе и своето образование и надоградба и денес работи во една од најпознатите компании во Бугарија БИЛЛА, како менаџер за безбедност и здравје при работа.

Во слободното време, го посетува семејството во Германија,кое како што истакна му носи радост и чувство на поврзаност. Сака да спортува, а тоа му помага и да ја одржувам добрата физичка форма. Љубител е и на вечерните излегувања и на купоните(забавите) кои се навистина посебни во Бугарија.

*Колку години работите и живеете во Софија, Бугарија?

-Во Софија живеам и работам веќе 15 години. Доаѓањето овде започна уште во моите студентски денови, кога првпат ја почувствував енергијата на градот и го засакав неговиот динамичен ритам. Иако еден период живеев и работев во Германија, сепак одлучив да се вратам во Софија, бидејќи животот овде ми понуди подобар баланс помеѓу професионалниот и личниот развој. Тоа беше вистинската одлука за мене, бидејќи градот има динамична атмосфера која инспирира и отвора многу можности.Софија е град кој постојано инспирира и нуди многу можности. 

*Како започнавте, односно која ви беше прва работа и позиција, па како се развиваше вашата професија?

-Со текот на времето, преку упорност и континуирано усовршување, успеав да напредувам и да се докажам во различни аспекти од мојата професија. Мојата моментална позиција во БИЛЛА(Ланец на познати маркетие менаџер за безбедност и здравје при работа, која ми дава можност да работам на големи проекти и да водам тимови, што е круна на моите напори и професионален раст. Секој чекор од мојата кариера донесе нови предизвици и можности за учење, а тоа ме мотивираше да се стремам кон уште поголеми успеси.

*Има ли голема конкуренција на пазарот на труд во соседна Бугарија, тешко ли е да се успее?

-Пазарот на труд во Бугарија е доста конкурентен, особено во сектори кои брзо се развиваат. Но, она што го научив е дека посветеноста, упорноста и спремноста за учење се главни фактори за успех. Кога човек постојано се надградува, конкуренцијата станува предизвик кој ве мотивира, а не пречка. 

*Вие сте Македонец кој работи во Бугарија, се соочувате ли со непријатни коментари поради тоа. Сте се соочиле ли со непријатни ситуации?

-Јас сум горд Македонец и тоа секогаш го носам со себе, без разлика каде се наоѓам. Секогаш сум ја почитувал својата националност и култура и ја претставувам со достоинство. Лично, не сум се соочил со негативни коментари или непријатни ситуации. Секогаш сум се водел од принципот дека односите меѓу луѓето треба да се градат врз меѓусебно почитување и разбирање. Верувам дека кога зрачите со самодоверба, позитивност и отвореност, тоа ги надминува сите бариери и евентуални недоразбирања. 

*На вашиот Инстаграм профил може да се видат фотки од најразлични дестинации. Каде имате патувано досега, кое место ви е врзано за срце, зошто? И кое место не би го посетиле повторно?

- Патувањето е начин на живот, можност да ја откријам убавината на светот, различните култури и да научам нешто ново со секое патување. Имам посетено неверојатни дестинации во Европа, но местото кое ми остана најдлабоко во срцето е Италија. Таму природата и архитектурата се совршено испреплетени – шарените куќи, кристалното сино море и вкусот на домашниот лимончело создаваат чувство како да сте дел од филм. Тоа е место каде што времето застанува, а секој момент ви остава спомен за цел живот.

Секое патување за мене е приказна што ја споделувам со моите следбеници – обожавам да ги пренесам тие моменти преку фотографии и искрени препораки, бидејќи верувам дека сите заслужуваат да го искусат светот со сите негови убавини. 

*Според фотографиите на вашиот Инстаграм профил може да забележиме дека се грижете за вашиот стил. Кое е најскапото парче кое го имате во гардероберот, а кое најдраго?

-Модата за мене е начин на изразување и раскажување на сопствената приказна. Секое парче облека кое го носам има своја енергија и порака.  Мојата гардероба е мешавина од класика и современи трендови, а секогаш се трудам да најдам парчиња кои ќе бидат уникатни, но и практични. Верувам дека вистинскиот стил не е во тоа колку нешто чини, туку во тоа како го носите и како ве претставува. Модата за мене е повеќе од трендови – тоа е начин да ја изразам својата индивидуалност и да се чувствувам удобно во својата кожа. Не гледам на гардеробата низ призма на цена или вредност, туку низ приказната која стои зад секое парче. Обожавам да комбинирам класика со модерни трендови, секогаш додавајќи нешто што го прави изгледот уникатен и „мој“. На крајот на денот, стилот не е прашање на бренд или цена, туку на тоа како се чувствувате во она што го носите и како тоа го претставува вашиот карактер. 

* Каде се гледате за 10 години?

-По десет години се гледам како професионалец кој има стекнато значително искуство и знаење во мојата област. Верурам дека ќе можам да придонесувам за иновациите и стратешкиот развој на компанијата во која работам. Исто така, се надевам дека ќе продолжам да постигнувам баланс помеѓу професионалниот живот и личните амбиции, вклучувајќи патувања и развој на нови вештини надвор од работата.


Наталија Миланова