Андрија Милошевиќ ги расплака сите со објавата за синот и сопругата: „Никогаш нема да ја заборавам оваа добра вест“

Вчера беше важен ден во домот на актерот Андрија Милошевиќ, а по тој повод тој со емотивна порака им се обрати на сопругата Александра и синот Реља. Имено, Андрија и неговата сопруга Александра го прославија третиот роденден на синот Реља, а актерот по тој повод ѝ се обрати на сопругата со трогателни зборови.
Андрија објави фотографија од сопругата и синот и им посвети емотивни зборови кои расплакаа многумина:
- Ми се јави. Те прашав зошто? „Ќе станеш татко“, ми рече ти. Врескав длабоко во себе, го разбудив Бог, тој знаеше. Ми ја замени главата, ми го смири срцето, ми ја осветли душата. Одеднаш реката позелени, шумата стана сина, сонцето се закотви, ме покри небото. Ја чекам месечината. Штом ќе излезе, да ѝ кажам, па да пуштам огномет, да ги осветли сите мои и твои времиња. Те гледам како што ќе бидеш, виолетова со дабови корени. Ти си светулка, природата те носи околу врат, но само кога сака да остави впечаток. Оваа радосна вест никогаш нема да ја заборавам – ѝ напиша Андрија на сопругата. Па актерот под емотивната посвета додаде:
- Сине, ова ѝ го напишав на мајка ти кога ми кажа дека доаѓаш. Среќен трети роденден – додаде актерот.
Андрија и Александра се запознале во белградскиот театар Бошко Буха, каде и двајцата работеле. Александра во тоа време штотуку ја завршила Академијата и работела на детската претстава „Малата сирена“. Во почетокот, како што признава и самата, не била особено заинтересирана за Андрија, но тој бил исклучително љубезен и пристоен. Подоцна, во текот на врската, Александра имала влијание врз стилот на облекување на Андрија, поттикнувајќи го да изгледа поедноставно и поелегантно.
Фото и Видео: инстаграм