Илда Шаулиќ ги отвори вратите од својот луксузен дом: Еден детаљ во него особено привлекува внимание (ФОТО)

Станот на Илда Шаулиќ го има најубавиот поглед на светот
Пејачката Илда Шаулиќ и нејзиниот сопруг Бојан Вучковиќ уживаат во хармоничен брак, а нивната љубов е уште поубава благодарение на нивната ќерка Ема, која е вистинската круна на нивната среќа. Нивната љубовна приказна со години е полна со најубави емоции, па важат за еден од најхармоничните парови на шоубиз-сцената во соседна Србија.
Пејачката по бракот се пресели во Бежанијска Коса и со многу љубов го опремила своето катче во кое живее со сопругот и ќерката Ема. Заради нивната ќерка Ема, на семејството му било исклучително важно куќата да има простран двор, за девојчето да може слободно да игра. Високата ограда, делумно составена од внимателно уредено зеленило, го штити домаќинството од љубопитните погледи од улицата.
Познато е дека пејачката и нејзиниот сопруг поседуваат имот во Америка каде одат неколку пати годишно за деловни цели. Илда во една прилика објави фотографија од својот стан во Њујорк.
Станот на Илда Шаулиќ е стан кој секој би сакал да го поседува. Дневната соба нуди неверојатен поглед на целиот град. Прекрасниот поглед е зајакнат со тоа што целата една страна од ѕидот е покриена со прозорци, додека удобниот мебел е свртен кон нив.
Сосема е сигурно дека ќерката на Шабан Шаулиќ и нејзиниот избраник живеат вистинска бајка, без разлика дали се во Србија или Америка, а недвижниот имот што го поседува во Њујорк е неверојатен.
Фото: Инстаграм/ Youtube - screenshoot