Здравје // Рецепти
Чоколаден колач со само 2 состојки готов за 20 минути: Ќе се изненадите колку лесно се прави, а колку е сочен и вкусен
Многу е важно колачот добро да се излади пред послужување
Состојки:
*250 гр „нутела“ или сличен намаз од лешник
*5 јајца
Подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 180 степени.
2. Во сад со миксер се матат јајцата. Важно е волуменот на јајцата тројно да се
зголеми, инаку колачот ќе пропадне.
3. Омекнете ја „нутелата“ во микробранова печка (20 секунди) или на најмал
оган.
4. Во растопената „нутела“ полека додајте ги изматените јајца и нежно измешајте
ги во кремот. Колачот нема да биде добар ако прегрубо ги измешате состојките.
5. Смесата се истура во претходно намрсен плех и се пече околу 25 минути. Добро
изладете пред послужување.
Извор: Stil.kurir.rs