Се појави и таа: На вечното почивалиште од сопругот на Цеца – Сѐ уште завиени во црно

Добивај вести на Viber

Денеска се навршуваат 25 години од убиството на Жељко Ражнатовиќ Аркан, а по тој повод неговото семејство и децата дојдоа на гробиштата да положат цвеќе.

Вељко, Анастасија и Цеца се собраа додека Вељко носеше голем венец со бели рози во рацете.

Пред нив пристигнала ќерката на Аркан, Хелена, која донела букет црвени гербери.

Покрај семејството, имаше и многу пријатели на Аркан кои дојдоа да му оддадат почит на покојниот Жељко Ражнатовиќ.

Со нив дојде и сестрата на Цеца, Лидија.

Аркан беше командантот на српската доброволна гарда кој беше убиен на денешен ден пред точно 25 години во хотелот „Интерконтинентал“ кога беше застрелан од Добросав Гавриќ и уште двајца негови соучесници. Малкумина знаат дека и пејачката била во хотелот Интерконтинентал кога Аркан бил убиен.

Да потсетиме, Аркан беше убиен на 15 јануари 2000 година околу 17 часот во хотелот „Интерконтинентал“ во Белград. Заедно со него се убиени и неговите пријатели и колеги, поранешни вработени во сојузниот СУП, полковник Драган Гариќ и мајор Миленко Мандиќ, кој исто така бил член на гардата на Аркан.


Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Извор: Pink.rs/ Pulsinfo.rs