Бремената Прија и Филип заминуваат за Америка: Откриени плановите на парот, а еве што се случило на прославата за бебето
Една од најпопуларните пејачки потврди дека ќе стане мајка по втор пат. Како што е познато, Александра во саботата ја прославила радосната вест со семејството, а наскоро заминува од Србија.
Веста дека Александра Пријовиќ е бремена и го очекува своето второ дете со сопругот Филип Живојиновиќ, минатиот викенд ги воодушеви нејзините фанови.
Како што дознаваат од извор близок до моментално најпопуларната пејачка во регионот, српски медиуми пренесуваат дека Прија штотуку влегла во вториот месец од бременоста, па семејството Живојиновиќ кон крајот на летото и почетокот на есента ќе го пречека својот најмлад член.
Александра е пресреќна што ќе ѝ се исполни желбата повторно да стане мајка и да му даде брат или сестра на синот Александар, а прекрасната вест ја израдува токму во моментот кога реши да се повлече во медиумска илегала по успешната регионална турнеја „Од „исток до запад“. Со оглед на тоа што се уште е рано во бременоста, а бебето не се ни забележува, таа успеала навреме да ги заврши сите работни обврски, па сега целосно ќе се посвети на семејството и одржувањето на бременоста.
Прија среќната вест ја криела од семејството неколку дена, а во саботата вечерта ги собрала сите најблиски пријатели во семејната куќа на Бежанијска коса на интимна семејна веселба, кога им открила дека повторно ќе стане мајка.
- На прославата беа само членовите на потесното семејство. Сите се пресреќни. Филип е воодушевен што повторно ќе стане татко, како и родителите на Александра. Нејзините баба и дедо плачеле од радост што за неколку месеци ќе добијат второ правнуче. Мајката на Филип, како и Брена и Боба, неговите браќа се пресреќни. Сите се многу среќни за нив. Забавата траеше до крајот на ноќта. Подобра вест и подобар новогодишен подарок не можеле да добијат. Сега сите се тука за неа за се што и треба, а Александра може да ужива и целосно да се посвети на одржување на бременоста – изјавил изворот.
Како што подоцна се дознало , идните родители за неколку дена одат на семеен одмор во Мајами, каде Александра максимално ќе се одмори и ќе ужива во првите месеци од бременоста.
- Познато е колку и двајцата го сакаат Мајами, особено затоа што Филип ја запросил таму на плажа. Таму одат секоја година во јануари, па така ќе биде и овој пат. Со оглед на тоа што е само на почетокот на бременоста, без проблем ќе може да патува. Времето во Америка ќе го искористи за што повеќе да се одмори и да се посвети на семејството, уживајќи на плажа, шопинг, гледање ТВ серии и се останато што долго време не можеше да го прави поради многубројната работа и обврски. Таму може максимално да се опушти, да не размислува за папараците, мирот е она што најмногу и треба во моментов. Се разбира, таа сега не размислува за враќање на сцената, бебето е приоритет. Слободното време секако ќе го искористи за да слуша мелодии, некои песни се веќе готови, но за тоа подоцна. Се во свое време“, заклучува соговорникот за пинк.рс.